Мени

Прашалник за постоечки пациенти.

Прашалник за нови пациенти.

Телефонски број

+389 70 331 388

Локација

ул. "Ката Поцкова" бр. 85, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Сабота 09:00 - 13:00

Јазик на содржина:

Duo Dent

Нашата приказна

Стоматолошкиот центар “Duo Dent” е специјалистичка здравствена установа која нуди специјалистички услуги од областа на ортодонцијата и стоматолошка протетика, услуги од областа на имплантологија и општа стоматологија. Duo Dent е основена 2000 год од двајца млади луѓе ентузијасти кои цврсто веруваа во себе, во своето знаење и способности, веруваа дека ќе создадат центар опремен со најсовремена опрема која ќе нуди врвни стоматолошки услуги и ќе биде лидер во регионот и пошироко во својата дејност со посебно чувство на топлина и разбирање.

Целта е да се обезбеди комплетна услуга на едно место по највисоки стандарди за квалитет од областа на ортодонцијата, протетика, имплантологија, и пародонтологија, нудејќи терапија и услуги кај пациентите имајќи ги на ум нивните здравствени потреби и финансиски можности.

При Вашата прва посета кај нас се прави панорамска рентген снимка на забите, ја анализираме и детално Ви ги објаснуваме сите можности кои Ви стојат на располагање, нивната цена, така да можете да направите избор. Кога Ви нудиме стоматолошки третмани, ги имаме секогаш во предвид Вашите желби и можности.

Услуги кои ги нудиме

Резервирајте го вашиот преглед

Закажете го вашиот термин сега!

Досега сум бил во многу стоматолошки ординации, но овде амбиентот и услугите се одлични. Посебно ме воодушевува односот и комуникацијата на лекарите со децата-пациенти, полн со позитивност и топлина.

В. Р.
40 години

Во Duo Dent се функционира како швајцарски часовник. Љубезноста на лекарите и целиот песонал е на прво место.Услугите се одлични, а зеленлото во предниот дел, боите и нијансите во ординациите заслужуваат највисока оценка. Со еден збор се е совршено.

С. К.
25 години

Вашата ординација има европски стандарди, а целокупниот персонал и докторите и асистентите заслужуваат највисока оценка за љубезното однесување кон пациентите а особено кон децата.

Б. К.
38 години

Благодарам за љубезноста и коректниот однос и за топлиот и пријатен амбиент.

Т. А.
33 години

Моите заби требаше да ги извадам на 23 годишна возраст по препорака на д-р специјалист по пародонтологија и да носам целосна горна и долна протеза. Сега имам 49 години и сеуште немам целосни протези, благодарение на лекарите од Duo Dent. Се уште успеваат и јас незнам како да ги одржуваат моите заби. За се што сториле за мене досега и за членовите на моето семејство многу им благодарам.

В. И.
49 години

Duo Dent наликува на ординацијата од светско ниво. Оваа го тврдам заради:атмосферата, апаратурата со која располага, хигиената која се одржува на врно ниво; стручноста на кадарот, специјалисти во своите области; љубезноста на докторите; точноста и прецизноста на термините; Заради овие причини јас и целата моја фамилија сме нивни пациенти од самиот почеток и на сите мои пријатели и роднини топло ги препорачувам.

K. J.
29 години

Закажете термин

Образложете ја причината за вашиот термин.