Мени

Прашалник за постоечки пациенти.

Прашалник за нови пациенти.

Телефонски број

+389 70 331 388

Локација

ул. "Ката Поцкова" бр. 85, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Сабота 09:00 - 13:00

Јазик на содржина:

За нас

Стоматолошкиот центар “Duo Dent” е специјалистичка здравствена установа која нуди специјалистички услуги од областа на ортодонција и стоматолошка протетика, услуги од областа на имплантологија и општа стоматологија.

Во Duo Dent работи тим од врвни стоматолози кои уживаат во својата работа со пациенти, како и помошен персонал кој постојано стои на услуга на пациентите затоа што сакаме престојот во нашиот стоматолошки центар да биде единствено искуство и пријатно доживување за секој пациент.

Нашиот објект

Duo Dent е сместен во објект проектиран врз принципите на passive house што подразбира идеални услови за живеење и работа во однос на температура, влажност и чистиот воздух.

Температурата во сите простории независно од годишното време (периодот во годината лето, зима изнесува 22.5, влажноста е меѓу 45-55% а воздухот при влез во објектот минува и се филтрира низ 3 филтери прочистувачи за воздух, а поради безбедноста на пациентите и наша лична безбедност целиот воздух минува низ UVC кварцна лампа со бактериеидно дејство при што се уништуваат евентуално присутните вируси и бактерии во воздухот.

Освен здравите микро-климатски услови при работа, посебен акцент е даден на современиот ергономски дизајн на секоја просторија.

Нашата клиника е градена по највисоки светски стандарди па во објектот е вграден специјален систем за стерилизација на воздухот. Со систем за рекуперација на воздух секој час воздухот во ординациите и во целиот објект се заменува со нов воздух кој при влезот се прочистува, загрева или лади и како таков обезбедува идеални услови за работа и престој.

Нашиот стоматолошки центар

Duo Dent располага со 6 модерно опремени ординации кои се така дизајнирани да овозможат пациентите да се чувствуваат пријатно и сигурно.

Сигурноста и заштитата на пациентите кај нас се на прво место. Од тие причини сите инструменти во ординацијата се стерилизираат и дезинфицираат, или се користат еднократно, а останатите предмети и деловите од мебелот, опремата и машините со кои пациентите доаѓаат во контакт се дезинфицираат и подлежат на специјална инфекциска контрола.

Нашата пријатна атмосфера овозможува пациентите да се чуствуваат пријатно, сигурно и опуштено. Горди сме што успеавме да создадеме средина полна со поддршка и топлина и што успеваме со нашите пациенти да изградиме однос полн со доверба и разбирање. Секогаш посветуваме доволно време за да му пружиме на пациентот внимание и професионална услуга поради што ја стекнуваме нивната доверба и почитување.

Веруваме дека превентивната нега и едукација на пациентите за правилно одржување орална хигиена се пат до оптимално здравје на забите и усната шуплина. Затоа преку разговор со пациентот, се фокусираме на целокупната состојба на устата, забите и непцата. Нашата цел е добро здравје на забите и сите орални ткива за Вас и Вашата фамилија преку превентивните мерки кои ви ги препорачуваме. Ви даваме совети како да се грижите за своите заби, Ве советуваме редовно да го чистите забниот камен и меките наслаги, чистење со конец, флуоризација, зошто сето тоа помага во превенција на болестите на забите и меките ткива.

Наша цел е секој пациент од нашата ординација да излезе задоволен и насмеан а неговата препорака за нас на своите роднини и пријатели е најдобра реклама.

Нашиот тим

Др. Калиопи Ѓетева Илиева

Специјалист по ортодонција

Др. Никола Илиев

Специјалист по протетика

Др. Елена Ајтовска

Општ стоматолог

Др. Данче Димитриева

Општ стоматолог

Зоре Донева

Администратор

Александра Стоилова

Асистент

Викторија Василева

Асистент

Емилија Николов

Асистент

Илинка Дончев

Асистент

Верица Стојкова

Асистент

Брендови со кои соработуваме

Можеме да се пофалиме со врвна опрема која ги задоволува светските стандарди и ни помага во достигнување на уште повисок квалитет на услуги.

Современите материјали и најновите технологии во комбинација со долгогодишното искуство ќе ги задоволат сите ваши здравствени и естетски потреби.

Нашиот стоматолошки центар нуди цел низ услуги, од бесплатен прв преглед и консултација со стоматолог, до сложени имплантолошки зафати. Стручниот тим од стоматолози ќе ви пружи врвна стоматолошка заштита и дијагностика.

Закажете термин

Образложете ја причината за вашиот термин.