Мени

Прашалник за постоечки пациенти.

Прашалник за нови пациенти.

Инфекциска контрола

Телефонски број

+389 70 331 388

Локација

ул. "Ката Поцкова" бр. 85, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Сабота 09:00 - 13:00

Јазик на содржина:

Стерилизација и дезинфекција

Модерната стоматологија е засновена на тимска работа. Сите членови на тимот според спецификите на својата работа постојано се изложени на болести, од кои многу се и опасни. Денешната стоматолошка доктрина бара сите членови на тимот да спроведуваат хигиенско-превентивни мерки за да ги заштитат пациентите, но и самите себе.

Заштитата се постигнува со општи и специфични мерки. Општите мерки опфаќаат спроведување дезинфекција и стерилизација, како и користење потрошен материјал за еднократна употреба при клинички прегледи или дијагностичко – тераписките постапки.

Специфичните мерки на заштита меѓусебно се дополнуваат и се специфични за поедини сегменти во стоматологијата. Првата и најважна мерка за заштита е миење раце пред и после работа на пациент со вода и сапун, како и носење ракавици за еднократна употреба, што значи се менуваат за секој пациент. После употребата ракавиците се фрлаат во инфективен отпад. Маските и штитниците за лице (визири) се следните нужни елементи во мерките за заштита.

Инструментите со кои се работи во устата на пациентот работат со голема брзина и користат вода за ладење. При нивна работа водата, плунката а неретко и крвта создаваат аеросоли, поради што е потребно да се спречат да дојдат во контакт со слузницата на устата, носот, очите или кожата на лицето.

Маските кои стоматолозите ги користат треба да ги покриваат носната и усната шуплина, додека визирите го покриваат целото лице. Визирите се дезинфицираат од внатрешната и надворешната страна после секој пациент. Од хигиенски причини персоналот исто така носи и работна облека и обувки.

Дезинфекција

Сите работни површини и целото работно место се дезинфицира со средства за дезинфекција, место каде пациентот седи, стоматолошкото столче, рефлекторот, фонтаната, местото каде стојат нашите инструменти, и тоа се прави после секој пациент.

Стерилизација

Стерилизацијата е процес на уништување на сите видови микроорганизми, бактерии и вируси. Денес како стерилизирачки медиум се користи топлината во облик на сув воздух или заситена водена пареа под притисок. Поради некои недостатоци на сувата стерилизација, денес се препорачува стерелизација со автоклавирање – водена пареа или влажна топлина. Главни предности на автоклавирањето се едноставност, брзина, ефикасност и економичност.

Современите автоклави после завршениот циклус на стерилизација, даваат прецизни податоци за успешноста на стерилизацијата и сигнализираат во случај на неуспешен циклус, поради што циклусот се повторува. Заштитата од инфекција кај нашите пациенти за нас е многу важна, поради што се превземаат сите мерки, методи и постапки за таа да биде на највисоко ниво и по најстроги протоколи.

Закажете термин

Образложете ја причината за вашиот термин.