Телефонски број
+389 70 331 388
Стоматолошкиот центар “Duo Dent” е специјалистичка здравствена установа која нуди специјалистички услуги од областа на ортодонцијата и стоматолошка протетика, услуги од областа на имплантологија и општа стоматологија. Duo Dent е основена 2000 год од двајца млади луѓе ентузијасти кои цврсто веруваа во себе, во своето знаење и способности, веруваа дека ќе создадат центар опремен со најсовремена опрема која ќе нуди врвни стоматолошки услуги и ќе биде лидер во регионот и пошироко во својата дејност со посебно чувство на топлина и разбирање.
Целта е да се обезбеди комплетна услуга на едно место по највисоки стандарди за квалитет од областа на ортодонцијата, протетика, имплантологија, и пародонтологија, нудејќи терапија и услуги кај пациентите имајќи ги на ум нивните здравствени потреби и финансиски можности.
При Вашата прва посета кај нас се прави панорамска рентген снимка на забите, ја анализираме и детално Ви ги објаснуваме сите можности кои Ви стојат на располагање, нивната цена, така да можете да направите избор. Кога Ви нудиме стоматолошки третмани, ги имаме секогаш во предвид Вашите желби и можности.