Мени

Прашалник за постоечки пациенти.

Прашалник за нови пациенти.

Естетска стоматологија

Телефонски број

+389 70 331 388

Локација

ул. "Ката Поцкова" бр. 85, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Сабота 09:00 - 13:00

Јазик на содржина:

Естетска стоматологијa

Потребата да имаме здрави, бели и убави заби е сосема разбирливо и нормално, зошто насмевката ги покажува нашите емоции, нашата виталност, младост и желбата зa убав и негуван изглед.

Денес со новите методи на работа и современите можности кои ги нуди естетската стоматологија некои недостатоци во обликот, бојата или положбата на забите кои со години ви сметале успешно ги решаваме, добивате насмевка која од секогаш сте ја посакувале.

Императив на естетската стоматологија е подобрување на естетската вредност на насмевката и забите воопшто. Изгледот и состојбата на нашите заби има голема улуга во естетиката на лицето и начинот на кој не доживуваат другите луѓе, што значително влијае на нашата самодоверба.

Во Duo Dent се изведуваат сите зафати од естетската стоматологија со кои на нашите пациенти им овозможуваме природно складен изглед на меките и тврди орални ткива и добивање здрава и блескава насмевка со која ќе изгледаат помладо и поубаво.

Првиот императив на естетската стоматологија – здрави заби, го остваруваме преку грижата за здравјето на забите кај пациентите, односно со санација на забите со помош на ресторативна стоматологија. Другиот императив – убава и блескава насмевка која е украс на секое лице ја остваруваме со помош на белеење на забите, ламинати, забен накит и примена на различни средства за естетика на лицето.

Белеење на забите

Белеењето на забите претставува најмалку инвазивна постапка со која не се нарушува забното ткиво а се добиваат убави и бели заби. Во зависност од видот на пребоеноста и местото каде се наоѓа таа, забните пребоености се делат на надворешни и внатрешни. Како последица на секојдневно конзумирање на природно или вештачки обоена храна (цвекло, капини, аронија, куркума и сл. ) и пијалоци, (кафе, кока-кола, сок од боровница, црн чај и сл.) пушење и несоодветно одржување орална хигиена настануваат надворешни пребоености на забите кои се наоѓаат на забната површина.

Внатрешната пребоеност е последица на промената на составот на тврдите забни ткива во текот на развојот на забите. Причини може да бидат:
1. Употреба на одредени антибиотици за време на бременоста или раното детство ( тетрациклинска обоеност )
2. Или примена на големи дози на флуор препарати ( флуороза на забите )

Посебен облик на внатрешната пребоеност која се јавува кај еден или повеќе заби може да биде предизвикана со повредна ( траума ) на забите и после лекување на забите.

Белеење на заби со ласер.

Што треба да се знае пред да се започне со избелување на забите ?

Пред да се започне со постапката на избелување на забите неопходно е да се санираат сите кариозни лезии, да се исчистат меките и тврди забни наслаги и ако има воспалување на непацата да се смири воспалувањето.

Избелување на заби не се препорачува кај малолетни особи, трудници, доилки, кај пациенти кај кои е во тек фиксна ортодонска терапија и кај пациенти со напредната парадонтоза.

Hollywood smile

За холивудска насмевка треба да бидат исполнети неколку услови:

- Идеална големина и форма на забите према усните, лицето и физиономијата на пациентот

- Правилен нагиб и ориентација на забите во однос на усните, лицето и забите меѓусебно

- Идеален распоред и положба на забите

- Идеална должина и ширина на забите во однос на естетиката на лицето на секој пациент.

Безметални коронки

Со својот изглед и транспарентност совршено ги имитираат природните заби овозможувајќи вашата насмевка да изгледа потполно природно, а притоа да нема негативно влијание на околните ткива. Постапката се состои од: стругање на забите со локална анастезија што е потполно безболно, се зема отпечаток, се праќа во лабораторија и пристапува на компјутерска изработка на коронкте со што се овозможува висока прецизност. Изработуваме привремени коронки во ординацијата како би можеле без проблем да продолжите со секојдневните активности до моментот на цементирање на трајната изработка.

Безметалните коронки се пробуваат за да се увериме дека совршено лежат, одговарат по големина, форма и боја, по што се прави глазирање и индивидуализација во една од најсоврементите лаборатории во земјата. Кога ќе се увериме дека сте задоволни од изработката, следува трајно цементирање. За изработка на безметални коронки користиме исклучително најсовремени и најквалитетни материјали достапни на европскиот пазар.

Порцелански ламинати (veniri) - veneers

Порцеланските ламинати се тенки лушпички од порцелан со дебелина од 0.5 - 0.8 mm кои се лепат на предната површина на забите и со нивно минимално стругање се корегираат одредени недостатоци на природните заби: облик, боја, големина, дијастеми, ротации, разделеченост меѓу забите, истрошеност и благи ортодонски аномалии. Забните лушпички се важен сегмент во естетската стоматологија. Може да се изработи лушпичка само на еден заб кој е потемнет, или има поткршен агол, ивица, или пак да се изработат ламинати на забите кои се видливи со насмевката (од 5 десно, до 5 лево) за да се направи естетски makeover.

Gummy Smile

Насмевката каде покрај забите се гледаат и непцата на горните заби помалку или повеќе, е позната како гингивална насмевка или gummy smiile. Овие луѓе ова го сметаат за свој недостаток па избегнуваат да се смеат.Кај нив забите се обично ситни, а непцето доминира. Во Duo Dent ова го решаваме лесно а самата постапка трае кратко. Ласерски се отстранува вишокот гингива потполно безболно, а резултатите се веднаш видливи.После интервенцијата потребно е неколку дена гингивата потполно да се смири, а наш совет е пациентот нормално да одржува орална хигиена.

Ефект - Пред
Ефект - Потоа

Забен накит

Ако имате здрави, бели и убаво поставени заби, значи дека убавата насмевка ви е многу важна и добро се грижите за своите заби. Но постои одличен начин да ја истакнете убавината на вашите заби уште повеќе, ако сте спремни за атрактивен моден детал -накит на заби. Забниот накит може да биде залепен на забите или да биде вграден. Кога накитот се лепи забот воопшто не се струга, а кога се вградува се прави мало дупче на предната површина на забот, во кое накитот се поставува и прицврстува. Лепењето и вградувањето се потполно безболни постапки а вашиот накит дискретно ќе заблеска при секоја Ваша насмевка.

Закажете термин

Образложете ја причината за вашиот термин.