Мени

Прашалник за постоечки пациенти.

Прашалник за нови пациенти.

Дијагностика

Телефонски број

+389 70 331 388

Локација

ул. "Ката Поцкова" бр. 85, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Сабота 09:00 - 13:00

Јазик на содржина:

Дијагностика

Во стоматолошкиот центар располагаме со најсовремени RTG дигитални апарати за 2D и 3D дијагностика и фокусирани дигитални интраорални снимки. При снимањето на 2D панорамата, се прави софистицирана MAGIC панорама, која нуди исклучително чиста слика, и нудиме можност за снимање на IN SIGHT панорама, која овозможува лекарот да гледа во длабочина од 1,5 cm на местото што е предмет на интерес. Постапката на снимање 2D панорама трае 7 секунди и е потполно комфорна за пациентот. Снимање на 3D СВСТ, трае 18 секунди, а снимките се веднаш видливи на мониторот и постои можност за снимање на 2D и 3D панорамите на CD, со што пациентот може да ги користи кога и каде сака.

При снимањето на 3D панорамата се добива јасен увид на коскените и меко-ткивните структури кај пациентот, а податоците се користат за реконструкција на тродимензионалната 3D слика за анатомијата на оралната шуплина кај пациентот. Ова е особено важно кај планирањето при поставувањето на импланти, зошто се добиваат прецизни податоци и увид за длабочината, ширината и густината на коската, близината на крвните и нервните садови, поставеноста на синусните шуплини итн, кои се исклучително важни да се знаат кога се прават прецизни мерења пред поставувањето на имплантите.

За ортодонските пациенти кои имаат проблеми со криви заби, неправилност во растот и развојот на вилиците, нудиме можност за снимање на Tele Rentgen снимка, што претставуа единствено и најдобро дијагностичко средство за таквите случаи. Бидејќи нема чекање, снимките се добиваат веднаш по завршување на снимањето на CD медиум, или ви ја праќаме снимакта по пат на e-mail.

Закажете термин

Образложете ја причината за вашиот термин.