Мени

Прашалник за постоечки пациенти.

Прашалник за нови пациенти.

Имплантологија

Телефонски број

+389 70 331 388

Локација

ул. "Ката Поцкова" бр. 85, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Сабота 09:00 - 13:00

Јазик на содржина:

Забни импланти

Забните импланти се титаниумски штрафови кои се вградуваат во коската и претставуваат замена за коренот на изгубениот заб.

Титаниумот се користи поради својата биолошка неутралност, што е многу важно за коскеното ткиво да го прифати вграденото страно тело. Врз имплантот се поставува титаниумска надградба која служи како врска меѓу имплантот и протетскиот надоместок.

Потполно беззабните пациенти често имаат проблем со носење на тоталните протези. Имплантите во тие случаи можат да служат за прицврствување на протезата, при што носењето на долните протези станува пријатно а џвакањето квалитетно.

Без разлика дали се работи за надоместување на еден заб, повеќе или сите заби , бројот на потребните импланти се дефинира на првиот преглед.

Ако недостасува еден заб, се вградува еден имплант на тоа место и се става порцеланска коронка. Ако недостасуваат 2 или 3 заба, стоматологот одлучува дали ќе бидат потребни 2 или 3 импланти. Во случај кога недостасуваат 4 заби во еден ред, можеби ќе биде потребно да се вградат само 2 импланти кои ќе го носат мостот од 4 елементи и така ќе се пополни празниот простор.

Многу пациенти сами го одредуваат бројот на имплантите што треба да се вградат, што претставува голема грешка. Таквите проценки е најдобро да ги направи стоматолог кој при стручниот преглед ќе даде најдобро можно решение.

Фиксни заби на импланти – ALL ON 6 (ALL ON 4)

ALL ON 6 ( ON 4) е метода на вградување протетска изработка на 4 или 6 титаниумски импланти, поставени во горната, долната или во двете потполно беззабни вилици. Оваа метода ги надоместува изгубените природни заби и драстично го подобрува квалитетот на животот.

Предности на оваа метода се: минимално време поминато на стоматолошка столица, кратко време за опоравување, и ако пациентот има добра здравствена состојба, добра орална хигиена и редовни стоматолошки контроли, претставува долготрајна а во многу случаи и доживотно естетско и фунционално решение.

Се изработува кај пациенти кај кои постои тотална беззабост и кај кои не може да се постигне задоволувачка стабилност со тоталната или парцијалната протеза.

Во виличната коска се вградуваат 4 или 6 забни импланти кои служат како носачи кои ја поддржуваат изработката, а на нивниот надворешен дел имаат елемент за кој се прицврстува фиксната изработка.

Ефект - Пред
Ефект - Потоа
Ефект - Пред
Ефект - Потоа

Закажете термин

Образложете ја причината за вашиот термин.