Мени

Прашалник за постоечки пациенти.

Прашалник за нови пациенти.

Ортодонција

Телефонски број

+389 70 331 388

Локација

ул. "Ката Поцкова" бр. 85, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Сабота 09:00 - 13:00

Јазик на содржина:

Ортодонција

Ортодонцијата е гранка од стоматологијата која се занимава со корекција на неправилниот раст и развој на вилиците и неправилната поставеност на забите.

Кривите заби ја нарушуваат естетиката на лицето и влијаат на можноста за зголемено задржување храна помеѓу забите, а со тоа и зголемена можност за расипување на забите и развој на парадонтална болест.

Ортодонтската терапија е најдобрата превентивна мерка која го спречува настанувањето на кариес на места кои не се достапни за чистење. Со ортодонтската терапија се подобрува функцијата на жвакање, се подобрува естетиката кај пациентите, но има и позитивни психолошки промени кај нив. Ортодонтската терапија не е луксуз, туку потреба која не треба да се занемари. По правило терапијата се спроведува во адолесцентна возраст, но е возможна и во било која друга возраст. Не постои возрасна граница за ортодонтска терапија.

Во нашата здравствена установа нудиме високо квалитетни услуги од дијагностика, па се до естетска стоматологија и имплантологија.

Ефект - Потоа
Ефект - Пред

Мобилна ортодонција

Мобилните протези некогаш биле главно тераписко средство, а денес во главно се користат во млечната и мешовитата дентиција. Мобилните апарати се состојат од акрилатна база и жици кој се фиксираат на забите, и жичени активни елементи и штрафови за ширење кои создаваат ортодонска сила.

Мобилните протези пациентот може сам да ги става и вади од устата, а ортодонските сили делуваат онолку долго колку што пациентот ги носи во устата. Носењето главно се планира во текот на ноќта и во време кое пациентот го поминува дома.

При различни активности кои вклучуваат социјална интеркација, вообичаено протезата не се носи. Така се избегнуваат социјални и естетски пречки, што е особено важно кај пациенти во пубертетска и адолесцентна возраст. Вадењето на протезата од уста овозможува одржување на подобра орална хигиена за разлика од пациентите кои носат фиксни протези и каде оралната хигиена мора да биде на многу повисоко ниво.

Главен недостаток на мобилните протези е всушност можноста за нивно вадење, што значи дека времето на носењето на протезата е под целосна контрола на пациентот. Поради тоа пациентите често ја носат недоволно долго или поради евентуална нелагодност, избегнуваат да ја носат. Тоа е причина што терапијата со мобилни протези во потполност зависи од самодисциплината и свесноста на пациентот.

Фиксна ортодонција

Фиксните протези за исправување заби се состојат од метални или порцелански брекети кои се лепат на забите и метален лак кој ги поврзува забите со кои се овозможува поместување и исправување на забите.

Наменети се за сите пациенти кои имаат проблем со загризот и неправилно поставени заби кои влијаат на естетскиот изглед. Времето на носење на фиксната протеза е во зависност од тежината на ортодонтската аномалија но обично трае 18 месеци со редовни контроли. Кај пациенти кои се придржуваат на сите препораки дадени од лекарот ортодонт носењето може да биде и пократко од спомнатото - околу 12 месеци.

Ефект - Потоа
Ефект - Пред

Брзите ефекти на исправување на забите се должат на нашето долгогодишно искуство, постојаното усовршување и користење на квалитетни протези од реномирани производители, ги применуваме најсовремените методи при работа и современи лакови кои даваат благи сили при исправување на забите поради што носењето фиксна протеза е безболно и пријатно искуство.

Самиот дизајн на протезите со кои работиме е естетски, модерен и ја содржат најсовремената технологија која се применува во светот. Кај сите наши пациенти кои носат фиксни протези наш императив со кој може да се гордееме е прекрасна насмевка, правилен загриз и стабилен краен резултат. За секој пациент имаме индивудален пристап, од ортодонтски аспект го нудиме најефикасното решение, го следиме и советуваме пациентот во самиот процес на исправување на забите, применувајќи ги најсовремените и најефикасните методи кои овозможуваат брзи и безболни третмани.

Invisalign - системи

Е алтернатива за класичните фиксни протези и претставува комфортна, невидлива ортодонтска терапија за сите пациенти кои од било која причина не сакаат да носат фиксна протеза.

Се состои од серија "невидливи" позиционери кои се изработуваат за секој пациент посебно, интимно налегнуваат на забите и се дизајнирани да ги поместуваат постепено забите во саканата позиција. Со "invisalign" - методот за исправување заби се решаваат лесни и средно-тешки ортодонтски аномалии.

Самата процедура се состои со земање отпечаток и фотографирање на забите, во лабораторија се прави 3D модел со CT скенер и врз база на тој модел се прави симулација на саканите поместувања кај забите од почетната до крајната позиција.

Врз основа на таа симулација се изработуваат позиционерите кои се индивудални за секој пациент. Обично позиционерите се менуваат секои две недели а поместувањето на забите е благо и постепено. Позиционерите се носат минимум 20 часа дневно, освен при јадење и чистење на забите.

Предности на "invisalign" системот во однос на фиксните протези е тоа што скоро и не се гледаат, значи естетскиот момент е многу добар, можноста за нивно вадење од устата во секој момент и секако подобрата орална хигиена, поради што пациентите ги доживуваат како практични, удобни и дискретни (поради нивната невидливост).

Недостаток е тоа што со нив не се решаваат потешки ортодонтски аномалии, скелетни малоклизии и секако високата цена на самиот третман.

Ортодонција кај возрасни пациенти

Никогаш не е доцна за исправување на исфрлени или вовлечени заби, заби кој се разделени затварање празни простори кои настанале со вадење заби, или елиминирање на потребата од протетски надоместоци или импланти.

Во некои случаи ортодонтската терапија претходи на поставување импланти. Во случај кога поминало многу време од губењето на забите, соседните заби се наведнуваат или поместуваат, па често нема доволно место за поставување импланти. За забите кои се наведнати или не се во функција, поради неправилната положба и задржувањето храна, најпрво е потребно да се спроведе ортодонтска терапија со која ќе се исправат наведнатите заби и ќе се направи доволен простор за поставување импланти.

Во нашиот стоматолошки центар освен кај деца се спроведува ортодонтска терапија и кај возрасни пациенти, за решавање естетски или функционални проблеми или со помош на ортодонтска терапија создадаваме добар темел за протетска или имплантолошка рехабилитација.

Ефект - Пред
Ефект - Потоа

Траење на ортодентска терапија

Ортодонтската терапија е релативно долготрајна и бара посветеност и соработка од пациентот.

Во текот на терапијата неопходно е пациентот да се придржува на добиените упатства од докторот ортодонт и да одржува задоволителна орална хигиена. Успехот многу зависи од соработката на пациентот, а недостаток на соработка резултира со продолжено траење на терапијата. Новите современи ортодонтски протези и новите методи на работа значително ја скратуваат терапијата. Ортодонскиот третман трае за 30-50% пократко, а естетиката и функцијата која се постигнува се на многу високо ниво.

Ретенција

Ретенција или постапка на зачувување на резултатот од ортодонтската терапија е многу важен дел од секоја ортодонтска терапија. Целта на ретенцијата е да после вадењето на фиксниот ортодонстски апарат забите да се задржат во саканата позиција која е добиена со ортодонтската терапија. Забите во текот на целиот живот ја менуваат својата положба, поради тоа задржување (зачувување) на резултатот од ортодонтската терапија бара дисциплина од пациентот при користење на ретеинерите и добра соработка со ортодонтот.

Видови ретеинери

Постојат фиксни и мобилни ретеинери, а времето на нивно носење може да трае повеќе години. Должината на ретенциониот период зависи од природата на почетната аномалија, возраста, видот на терапијата и постигнатиот резултат на крајот на терапијата.

Ретеинерите воглавно се така прилагодени да со својот облик и фиксирање во устата не би предизвикувале пречки при говорот, жвакањето и одржувањето орална хигиена.

Чест облик на ретеинер е ретеинер изработен од специјална ортодонска жица која е фиксирана на внатрешната површина на долните предни заби, со тоа се спречува повторното искривување на забите. Друг облик на ретеинер е мобилен ретеинер изработен од проѕирен материјал. Исто така како ретеинер може да служи и мобилниот апарат со кој се исправуваат забите. На крајот кога забите се исправени истиот може да се носи подолго време.

Закажете термин

Образложете ја причината за вашиот термин.