Мени

Прашалник за постоечки пациенти.

Прашалник за нови пациенти.

Пародонтологија

Телефонски број

+389 70 331 388

Локација

ул. "Ката Поцкова" бр. 85, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Сабота 09:00 - 13:00

Јазик на содржина:

Пародонтологија

Крварење на непцата, болно осетливи и зацрвенети гингиви може да укажуваат на еден полесен или потежок облик на бактериско воспалување на непцата – пародонтоза. Најчеста болест на усната шуплина после кариесот, кај голем број луѓе е воспалувањето на парадонтот. Парадонтологијта е гранка на стоматологијата која се занимава со проучување и лечење на потпорните ткива на забот, таканарачениот парадонт (непцата, коската, цементот и парадонталниот лигамент).

Главна причина за настанување на оваа болест во прв ред е лоша орална хигиена на усната шуплина, т.е. натрупување бактерии (дентален плак) потоа забен камен, заостаната храна и лоши протетски изработки. Парадонтозата може да биде и наследна болест. Болестите на пародонтот може да се појават и како последица на некои системски болести (шеќерна болест, леукемија, AIDS...).




Парадонтоза

Пародонтозата е инфекција која ја зафаќа коската која ги држи цврсти забите, со што може да доведе до губење на забите. Причини за развој на парадонтозата се милиони бактерии кој живеат во нашата уста.

Статистиката покажува дека околу 40% од луѓето боледуваат од оваа болест. Таа е една од најчестите причини за губење на забите кај возрасните пациенти. Таа подмолна болест често се развива без симптоми, така што голем број луѓе и незнаат дека ја имаат додека не биде прекасно.

Со напредувањето на болеста и продлабочувањето на џебовите доаѓа до пропаѓање на парадонталниот лигамент и потпорната коска, што доведува до клатење на забите.

Освен слабата орална хигиена во развојот на парадонтозата значајна улога игра и генетската компонента. За да се спречи развојот на парадонтозата потребно е да се реагира навреме и да се побара стручна помош.

Gingivitis

Прв симптом на gingivitis е црвенило и крварење од гингивата. Се започнува од лоша орална хигиена кога се натрупуваат наслаги на забите – дентален плак околу забните вратови кој е полн бактерии. Покасно забниот плак се стврднува и настанува забен камен.

Ако потрае воспалувањето на гингивата, гингивата полека се одвојува од забот и настанува парадонтален џеб. Со текот на времето поради лоша орална хигиена парадонталниот џеб се продлабочува и воспалението се пренесува на подлабоките структури.

Ефект - Потоа
Ефект - Пред

Лекување на Gingivitis

За да се излечи гингивитисот, и да се спречи настанување и развој на парадонтоза, освен добро одржување орална хигиена потребно е и професионално чистење (отстранување плак и забен камен) полирање на забите, и биостимулација на епителот со диоден ласер за меки ткива.

Во нашата ординација иницијалната парадонтолошка терапија вклучува темелно чистење на тврдите (забниот камен) и меките (дентален плак) забни наслаги и третмани со дентален ласер. Терапијата со ласер вклучува отстранување на воспаленото гранолациско ткиво, ласерот делува и бактерицидно, вируцидно и ја стимулира епитализацијата и создавање на нов припој помеѓу коренот и мекото ткиво.

После деталната парадонтолошка терапија кај некои пациенти, потребна е протетска терапија кај преостанатите заби за дополнително да се зацврстат и да им се продолжи векот на траење.

Закажете термин

Образложете ја причината за вашиот термин.