Мени

Прашалник за постоечки пациенти.

Прашалник за нови пациенти.

Протетика

Телефонски број

+389 70 331 388

Локација

ул. "Ката Поцкова" бр. 85, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Сабота 09:00 - 13:00

Јазик на содржина:

Забни протези

Се помагала за решавање делумна (парцијална) или тотална беззабост.

Протезата е опција кога фиксните мостови не можат да се изработат поради тоа што нема доволно заби во устата, или забите не се доволно цврсти да го поднесат таквото оптеретување, или не се во доволен број.

Кај пациенти кои ги загубиле сите свои заби, се изработуваат потполни или тотални протези.

Кај пациентите кај кои недостасуваат повеќе заби но не сите, се изработуваат делумни или парцијални протези.

Тотални протези

Тоталните протези може да бидат “класични” или “имедијатни”.

Кога забите се извадени, раните зараснати, се изработува класична тотална протеза. За разлика од класичните тотални протези, имедијатните се направени однапред и можат да се стават во устата на пациентот веднаш после вадењето на забите. Благодарение на тоа пацинетот не мора да биде без заби во текот на зараснувањето на раните. Меѓутоа коската и непцето со тек на време се намалуваат и заради тоа е потребно имедијатните протези дополнително да се прилагодуваат во однос на промените кои настануваат во устата на пациентот.

Парцијални протези

Парцијалните протези се состојат од вештачки заби прицврстени на акрилатна подлога, која може со метална основа да биде поврзена во устата на пациентот. Парцијалната протеза се изработува кога се останати еден или повеќе природни заби во горната или долната вилица.

Освен класични тотални и парцијални протези изработени од акрилат, изработуваме и современи протези кои пациентите полесно ги прифаќаат и задоволуваат повисоки естетски и функционални критериуми кај пациентите.

WIRONIT

Wironit или Vizil протеза е парцијална протеза која се прицврстува на постоечките заби во устата со помош на кукици, долдер пречки или копчиња и е изработена од метална легура. Се користи кај пациенти кои бараат подобра стабилност и цврстина.

Termopress протеза

За сите пациенти кои не сакаат видливи метални кукици, или се алергични на било кој вид метал, овој вид протези е идеално решение за нив.

Протези на телескопи

Доколу пациентите имаат уште свои заби кои се добро статички позиционирани а од некои причини не сакаат да прават опсежни вилични реконструкции, овој вид протези може да биде одлично решение за нив. Забите во устата се стругаат и на нив се цементираат примарни метални коронки, и на нив се навлекуваат секундарните коронки кои се прицврстени на самата протеза, каде се поставени забите кои недостасуваат. Со ваквото полуфиксно решение се постигнува подобра ретенција на самата протеза и на самиот пациент му се овозможува подобро одржување орална хигиена.

Комбинирани изработки

Ова е решение каде се комбинираат забите кои останале а се во добра состојба, се поврзуваат со метал-керамички мостови на кои се поврзуваат мобилните полуфиксни протези. Ова е одлично решение за пациенти со малку коска, кај кои не можат да се постават импланти, или пак пациентот не сака импланти, а сепак сакаат поквалитетна функција на џвакање, подобри статички услови од оние кои ги нудат мобилните парцијални протези.

Забни коронки и мостови

Ако забот е оштетен или кариозен, естетски компромитиран, или природно позициониран надвор од забниот лак, коронките и/или мостовите тоа успешно го решаваат.

Забни коронки се прават за реконструкција на изгубената функција и естетика на забот. Се изработуваат од порцелан и трајно се фиксираат врз иструган заб во случај кога забот е толку оштетен и за него не се препорачува да се реконструира со пломба, или кога од естетски причини забот не ги задоволува барањата на пациентот, во однос на големина, форма, неправилност во положба, аномалии, боја, релјеф итн. Забни коронки се изработуваат и врз веќе постоечки импланти, или кога поради ендодонско лекување имаме големи кариозни лезии, заради опсежно изгубен дел од природниот заб, најдобро е да се заштити со коронка.

Ефект - Потоа
Ефект - Пред

Забните коронки може да бидат метал керамички (метал порцелански) или целосно порцелански коронки. Во секојдневната пракса голем е процентот на употреба и изработка на метал-порцелански коронки и мостови, за решавање на функционални и естетски потреби на пациентите. Меѓутоа денес се поголем е бројот на пациенти кои имаат високи естетски критериуми и го бараат најдоброто од изборот на материјалите и крајниот естетски ефект, па затоа се почесто се одлучуваат за цирконија, затоа што:

1. Цирконијата во потполност ги имитира оптичките својства на природниот заб: транслуценција, опалесценција, транспараценција и флуоресценција што резултира со порцеланска коронка што не е возможно да се разликува од природниот заб.

2. Порцеланот за разлика од металот е биокомпатибилен, односно не предизвикува алергија и оралните ткива одлично го прифаќаат. Додека металот под дејство на влага во усната шуплина кородира и испушта метални честички кои остануваат во забното месо-гингивата и можат да предизвикаат темна пребоеност.

Забните порцелански мостови се трајни протетски надоместоци кои се изработуваат во случај кога има потреба од пополнување на празен простор помеѓу забите, поради губење на 1,2 или повеќе заби, спречување на дислоцирање на соседни заби, спречување оштетување на виличните зглобови или потпорниот апарат на забите. Порцелански мостови се поставуваат на природен заб или на вградени забни импланти.

Кога недостасуваат заби и е потребно да се надополнат со порцелански мост, потребно е забите носачи на мостот да се истругаат, со што и тие влегуваат во состав на порцеланскиот мост. Во случај да не сакаме да ги стругаме природните заби, постои можност забите кои недостасуваат да се надополнат со вградување на импланти кои го надоместуваат коренот на забот, а дополнително врз него се изработува порцеланска коронка или доколку се вградат повеќе импланти се изработува порцелански мост врз истите.

Ефект - Потоа
Ефект - Пред
Ефект - Пред
Ефект - Потоа

Безметални коронки

Со својот изглед и транспарентност совршено ги имитираат природните заби овозможувајќи вашата насмевка да изгледа потполно природно, а притоа да нема негативно влијание на околните ткива. Постапката се состои од: стругање на забите со локална анастезија што е потполно безболно, се зема отпечаток, се праќа во лабораторија и пристапува на компјутерска изработка на коронкте со што се овозможува висока прецизност. Изработуваме привремени коронки во ординацијата како би можеле без проблем да продолжите со секојдневните активности до моментот на цементирање на трајната изработка.

Безметалните коронки се пробуваат за да се увериме дека совршено лежат, одговарат по големина, форма и боја, по што се прави глазирање и индивидуализација во една од најсоврементите лаборатории во земјата. Кога ќе се увериме дека сте задоволни од изработката, следува трајно цементирање. За изработка на безметални коронки користиме исклучително најсовремени и најквалитетни материјали достапни на европскиот пазар.

Порцелански ламинати (veniri) - veneers

Порцеланските ламинати се тенки лушпички од порцелан со дебелина од 0.5 - 0.8 mm кои се лепат на предната површина на забите и со нивно минимално стругање се корегираат одредени недостатоци на природните заби: облик, боја, големина, дијастеми, ротации, разделеченост меѓу забите, истрошеност и благи ортодонски аномалии. Забните лушпички се важен сегмент во естетската стоматологија. Може да се изработи лушпичка само на еден заб кој е потемнет, или има поткршен агол, ивица, или пак да се изработат ламинати на забите кои се видливи со насмевката (од 5 десно, до 5 лево) за да се направи естетски makeover.

Закажете термин

Образложете ја причината за вашиот термин.