Мени

Прашалник за постоечки пациенти.

Прашалник за нови пациенти.

Превентивна стоматологија

Телефонски број

+389 70 331 388

Локација

ул. "Ката Поцкова" бр. 85, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Сабота 09:00 - 13:00

Јазик на содржина:

Конзерватива (зачувување на оралното здравје)

Конзервативата во стоматологијата се однесува на услуги кои помагаат во одржување на оралното здравје и се дел од оралната хигиена. Тука спаѓаат услуги како чистење на забен камен, лечење на забите (ендодонтско лекување), поправка на забите зафатени со кариес и нивна санација со пломби.

Чистење забен камен

Со правилно одржување орална хигиена можеме да ги зачуваме своите заби и да го продолжиме нивното траење. Дел од оралната хигиена е чистење на забниот камен. При редовни контроли кај стоматолог може на време да се детектираат состојби поради кои е потребно професионално чистење на забите. Многу често на површината на забите се создава дентален плак од состојките од храна, пијалоци, на местата каде забите не се добро исчистени. На почетокот денталниот плак е наслага која е невидлива, но подоцна минерализира (стврднува) и преминува во забен камен кој може да биде бел, темно кафеав или црн наталожен на површината на забите.

Постојат и пигментации кои се присутни кај пушачите и кај луѓе кои пијат многу кафе и чај. Истите пигментации многу тешко се отстрануваат со четкичка и паста или воопшто не се отстрануваат. Забите од таложењето дентален плак, пигментации или забен камен стануваат се пожолти, полни со камен или плак, а со тоа во устата има се повеќе бактерии кој се штетни како за забите, непцата така и за целиот организам.

Забниот камен претставува тврда наслага на забите која настанала со минерализација на денталниот плак. Тоа е бела, жолтеникава или темна наслага на забите, најчесто видлива во пределот на внатрешната страна на долните предни заби. Стоматологот прави професионално чистење на забите, односно отстранување на денталниот плак од сите површини на забите, бидејќи денталниот плак предизвикува воспалување, болка, повлекување на непцата, предизвикува појава на непријател здив и ја нарушува естетика.

Професионалното чистење подразбира селективно отстранување на забниот камен и денталниот плак, од сите забни површини при што посебно важност се дава на оние површини кој пациентот обично ги занемарува при чистењето. Најчесто тоа се меѓузабните простори и внатрешната површина на долните предни заби.

Третманот се спороведува со ултра звучни инструменти и е безболна постапка. Кај пациенти кои немаат воспалување на непцата и пародонтозата, темелно професионално чистење се прави два пати годишно, за да се зачува здравјето на сите орални структури.

Кај пациенти со пробелматични воспалителни состојби кај непцата, потребно е почесто чистење на забите и спороведување на специјален третман на парадонтолошко лекување на потпорниот апарат на забите.

Ендодонција (лекување на воспалување на забниот нерв)

Константна болка на топло и ладно, болка при жвакање, може да укажуваат на воспалување на нервот на забот. Кога бактериите од кариесот ќе продрат длабоко во внатрешноста на забот, доаѓа до негово воспалување што често резултира со јакa болка.

Понекогаш инфекцијата бавно напредува, па воспалувањето на нервот настанува пополека и без болка. Воспалението на забната пулпа бара ендодонско лекување, кое се состои главно од отстранување на забната пулпа од коренските канали, чистење, ширење, нивна дезинфекција, полнење на каналите со специјален материјал за таа намена и на крај херметичко затварање на забот со трајна пломба или забна коронка.

Понекогаш лечењето не може успешно да се изведе поради тесни непроодни коренски канали или претходно лошо лекувани заби. Некои такви случаи успешно се решаваат со апикотонија (хируршко отстранување на врвот на коренот).

Ефект - Пред
Ефект - Потоа
Ефект - Пред
Ефект - Потоа

Во Duo Dent работиме со најсовремени инструменти и материјали. Се користат лупи за магнификација на местото каде работиме (забот) како би можеле да ги лоцираме сите постоечки канали, да ги пронајдеме тешко достапните или скриени канали, користиме најсофистицирани ендо мотори за ширење, чистење и дезинфекција на истите, а полнењето на каналите е со најсовремени материјали кои се биолошки и немаат никаков негативен ефект на човечкиот организам, притоа применувајќи најсовремени методи на работа.

Како резултат на ваквиот современ пристап при лекувањето на забите, крајниот исход е успешен во навистина голем процент, што резултира со задоволни пациенти.

Лечење на забите од кариес

Забниот кариес е најраширената и најчестата болест на тврдите забни ткива. Може превентивно да се делува на настанувањето на забниот кариес, бидејќи во неговото настанување главна улога игра исхраната и оралната хигиена. Промената на забите што ја воочуваме како црна точка, шуплина или дефект на забот е само стадиум од настанувањето на забниот кариес при делувањето на бројни фактори.

При настанувањето на забниот кариес потребно е делување на повеќе фактори кои доведуваат до оштетување на тврдите забни ткива. Меѓу нив најважни се бактериите од денталниот плак, исхраната и времето на делување. Зависно од бактериската активност, кариесот може побрзо или побавно да напредува. Бактериската активност во голем дел зависи од присуството на хранливи материи (шеќери) во устата, односно од количината на денталниот плак.

Кариесот се јавува кога надворешната површина на забите – емајлот ќе биде уништен – нагризен од бактериите од денталниот плак кои создаваат киселини. Плакот постојано се создава на забите поради присуство на бактериите во храната присутни во устата. Еднаш кога кариесот ќе се јави, стоматологот може да го санира, но превентивно може да се спречи со одржување добра орална хигиена.

Лечењето на забите од кариес вклучува отстранување на кариесот и дефектот на забот се исполнува со ресторативен материјал. Наша препорака се редовни контроли, стоматолошки прегледи на 6 месеци ( 2 пати годишно) како на време би се детектирале промените кој може да доведат до поголеми проблеми.

Конзерватива – забни пломби

Во стоматолошкиот центар Duo Dent користиме врвни квалитетни материјали за пломби, што гарантира трајност на пломбите и задоволување на високи естетски критериуми, поради што пломбите по бојата и текстурата се идентични на забите.

Конзервативната или ресторативната стоматологија ги опфаќа најчестите стоматолошки зафати – лекување на кариес. До оштетување на забот доаѓа со појавување на кариес кој е потребно што порано да се дијагностицира и отстрани за да не ја оштети пулпата. Откако кариесот ќе се исчисти, оштетеното забно ткиво се надоместува со композитна пломба која го имитира обликот на оштетениот дел за да се задржи правилната функција на забите и естетиката.

Работа со деца

Едни од најценетите пациенти во нашиот стоматолошки центар, се најмалите и најмилите – децата. Основен предуслов за успешно работење со деца е обезбедување безболна стоматолошка интервенција.

Секое дете не бара ист пристап при работењето, така што за да постигнеме успех при работењето кај деца важно е да го процениме психолошкиот тип на детето, да ја имаме во предвид возраста, да ги знаеме неговите претходни искуства кај стоматолог и сето тоа да го прилагодиме на видот и степенот на заболувањето што треба да се санира кај детето.

Ние практикуваме безбедна и ефикасна стоматолошка грижа за секое дете, зошто нашиот стоматолошки тим е едуциран и поседува способност за прилагодување на однесувањето на детето во стоматолошката ординација, односно способност за насочување на однесувањето на детето.
Вештината на нашиот стоматолошки тим да го насочува однесувањето на детето претставува само еден сегмент од интеракцијата во која се инволвирани стоматологот и стоматолошкиот тим, детето како пациент и родителот.

Менаџирањето со однесувањето на малиот пациент е исто толку уметност колку и наука. Тоа е индивидуална техника за малите пациенти, практикување една сеопфатна континуирана метода чија основна цел е да се изгради, организира и негува доверба меѓу детето и докторот, што го намалува стравот и вознемиреноста кај детето.

При работата започнуваме со психолошка припрема на детето, прво со наједноставните стоматолошки интервенции, постепено насочувајќи го кон посложените интервенции - доколку има потреба од нив. Кај децата посебен акцент се дава секое дете да научи правилно да ги мие своите заби и да се исфрлат од исхраната оние штетни навики и онаа храна која допринесува за расипување, односно развој на кариес кај забите. Работата со деца бара посебно трпение и припрема на принципот чекор по чекор, од полесно кон потешко, од познато кон непознато, стекнувајќи доверба кај детето.

Постепено се постигнува редовна и правилна орална хигиена, здрави прехрамбени навики и со егзогена примена на флуориди која доколку е редовна дава значајни ефекти кои резултираат со здрави заби и опуштеност на детето при стоматолошките интервенции.

Повеќето родители поради брзиот начин на живот се почесто ја занемаруваат едукацијата на своите деца како правилно да се чистат забите и повеќето пропуштат нивните деца од рана возраст да одржуваат сами добра орална хигиена.
Поради тоа често кај нас доаѓаат деца со прилично воспалени непца, кариозни млечни и трајни заби во многу рана возраст.

Затоа е најважно навреме да не посетите како би ви помогнале правилно да одберете четкичка за заби, да го едуцираме детето како правилно да ги чисти забите, колку време е потребно да се одвои за чистење на забите и колку пати на ден да се повторува постапката.

Закажете термин

Образложете ја причината за вашиот термин.