Мени

Прашалник за постоечки пациенти.

Прашалник за нови пациенти.

Естетска медицина

Телефонски број

+389 70 331 388

Локација

ул. "Ката Поцкова" бр. 85, Струмица

Работно време

Понеделник - Петок 09:00 - 17:00

Сабота 09:00 - 13:00

Јазик на содржина:

Хијалуронски филери

Хијалуронската киселина се наоѓа во нашата кожа како нејзин составен дел, која заедно со колагенот ја одржува младолика. Има улога да ја задржува водата и да го спречува исушувањето на кожата. Со текот на годините нивото на хијалуронска киселина опаѓа, кожата станува опуштена, дехидрира и го губи волуменот. Со намалувањето на количината на хијалурон и колаген во кожата, на кожата се забележуваат првите брчки и фини линии, а еластичноста е видно намалена.

Хијалуронските дермални филери помагаат да се врати еластичноста и влажноста на кожата и служат за пополнување на брчките.

Третманот на вбризгување на хијалуронски филери трае кратко, а ефектот е веднаш видлив:

  • Ги пополнува брчките и ја намалува нивната видливост
  • Ја хидрира кожата
  • Ја зголемува еластичноста на кожата
  • И дава волумен ка кожата
  • Стимулира создавање на колаген во кожата
Ефект - Пред
Ефект - Потоа

Филерите се користат за:

  • Пополнување и подмладување на усните
  • Пополнување на образи
  • Нагласување (истакнување) на јаболчниците
  • Корекција на нос и брада
  • Лифтинг на целото лице
  • Пополнување на назо-лабијални бразди
  • Корекција на подочници.

Во Duo Dent се користат хијалуронски филери од најнова генерација, третманот е безболен а ефектите траат минумим од 10 до 12 месеци. За пополнување на усни кај некои пациенти ефектите траат и подолго. При корекција на нос, брада и јаболчници, ефектите траат од 18 до 20 месеци.

Резултатите се веднаш видливи но можна е појава на црвенило и благ оток, што се повлекуваат за неколку дена.

После 7 до 10 дена од третманот најдобро се гледат ефектите, затоа што е потребно одреден период хијалуронот да се распореди во кожата.

Ботокс третмани

Ботоксот е прочистен протеин кој се добива од бактеријата Clostridium botulinum. Од почетокот на 70-те години наоѓа примена во разни гранки на медицината, вклучувајќи ги неврологијата и офталмологијата, а во естетската медицина се користи веќе 20 години.

Третманот со ботоксот е неинвазивна, нехируршка интервенција при која се вбризгува индивидуална доза ботокс во одредени мускули на лицето и на тој начин се спречува мускулната активност-контракција, што претставува главна причина за појава на брчки на лицето.

Третманот со ботокс е еден од најефикасните и најпопоуларните естетски третмани за отстранување на брчки на челото, брчки околу очите и во пределот меѓу веѓите. Овој препарат ги релаксира мускулите, спречува нивна контракција при што ја прави кожата мазна и убава. Дејството на препаратот е локализирано само на местата каде е аплициран. Самата апликација е скоро безболна, затоа што препаратот се вбризгува со многу тенки игли.

Ефектот на ботоксот настапува постепено. Првите ефекти се видливи за 2-5 дена, а полниот ефект се постигнува за 10 дена од апликацијата. Резултатите траат 3-6 месеци.Со повторување на третманот пациентот ја губи навиката за муртење, па ефектот на ботоксот се продолжува.

Мерки на претпазливост после апликација на ботокс:

  • Држете ја главата исправено 3 часа после третманот
  • Избегнувајте фитнес, солариум и сауна 3-4 дена после третманот
  • Избегнувајте масажа и козметичко чистење на лицето недела дена после третманот.
Ефект - Пред
Ефект - Потоа
Ефект - Пред
Ефект - Потоа

Мезоконци, лифтинг на лице без оперативен зафат

Третманот со мезоконци познат како 3D лифтинг е неоперативна процедура со која се постигнува ефект на затегнување и подмладување на кожата.

Мезоконците се вградуваат во мезодермот на кожата со помош на долги тенки игли притоа правејќи мрежа, при што иглите се вадат а конците остануваат под кожата. Мезоконците остануваат под кожата околу 6 месеци, по што истите се разградуваат, а за тие 6 месеци ја потикнуваат кожата природно да создава колаген, кој всушност дава ефект на затегнување и подмладување на кожата. Мезоконците се всушност polydioxanone, материјал кој се користи повеќе од 15 години во кардиохирургијата за операција на срце и крвни садови. Потполно е безбеден и не предизвикува алергиска реакција.

Овој третман се препорачува за обликување и затегнување на врат, лице, подигање веѓи, подигање усни агли, за обликување и затегнување на рабовите и аглите на долната вилица, итн.

Оваа метода е препорачлива за двата пола, а препорачаната возраст е меѓу 35-65 години.

После третманот се јавува црвенило може да се јават модрици кои траат неколку дена, но успешно се прикриваат со пудра, а може да се јави и благ оток кој брзо поминува.

Резултатите од третманот се видливи после 3-6 месеци од апликацијата колку што е потребно за создавање на новиот колаген, а ефектите траат од 18-24 месеци а кај некои пациенти и повеќе.

Закажете термин

Образложете ја причината за вашиот термин.